20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Се зголемува нивото на реките, предупредува УХМР

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека водостоите на реките во земјава се покачуваат и дека имаат тенденција на натамошно покачување.

Поради тоа, на граѓаните им се препорачува внимателно да се движат покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.

„Автоматските станици бележат покачувања на водостоите. Во Јегуновце утрово во 6:30 водостојот изнесува 190 сантиметри и има тенденција на покачување, соодветно на тоа очекуваме покачување и во Радуша. На реката Пена над Тетово водостојот измерен утрово во 6:30 изнесува 132 сантиметри, има тенденција на покачување. На станицата кај Бошков Мост (р.Радика) водостојот утрово измерен во 5:45 изнесува 130 сантиметри, а водостојот на Сатеска кај Ботун изнесува 116 сантиметри, со тенденција на покачување. На реката Голема кај Ресен водостојот изнесува 106 сантиметри (измерено во 6:15) со тенденција на покачување“ информира УХМР.