17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Расположениот Трамп му се потсмеваше на својот зет

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката со која кинескиот претседател ќе има доживотна функција. Тој изјави дека тоа е многу добро, шегувајќи се дека и САД би можеле да ги спроведат потребните реформи и да овозможат исто сценарио.

„Си Џинпинг е сега доживотен претседател. Успеа во тоа Си Џинпинг. Прекрасен е…Мислам дека тоа е прекрасно“ изјави синоќа Трамп со шеговит тон, за време на донаторска вечера за републиканците во неговата вила на Флорида.

Предлогот на Трамп и САД да се обидат да спроведат такво нешто овие денови, предизвика смеа кај присутните. Тој исто така ја критикувал и неговата противничка, Хилари Клинтон, додека за ирачката инвазија рекол дека тоа е најлоша одлука која е донесена некогаш.

Трамп се пошегувал и со хаосот во Белата куќа, како и за неговиот зет, Џаред Кушнер, кој, наводно, го укинал безбедносниот надзор.

„Доцневме вечерва бидејќи Кушнер неможеше да помине преку обезбедувањето“ се пошегува Трамп.

Спонзорирано: