21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на патниот правец Каваради-Дреново во прекин поради штрајк

Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Дреново кај мотел Дреново од 12:00 – 15:00 часот е во прекин поради штрајк, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се здржува на коловозот, а дожд врне во западниот и југозападниот дел од државата. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50м на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година