25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Грчки војници изгубиле ориентација, ги задржале во Турција

Двајца грчки војници што патролирале на границата со Турција изгубиле ориентација и навлегле на територијата на соседната земја, каде што ги привела турската војска. Ова го соопшти Генералштабот на грчката војска.

„Грчките војници се добри и здрави. Во моментот се наоѓаат во Едрене“, изјави портпаролот на грчката војска, Николаеос Фанијос.

Инцидентот се случил во четвртокот попладне кај реката Еврос, која ги дели двете земји. Временските услови биле лоши, а војниците, кои биле вооружени, изгубиле ориентација. Министерството за надворешни работи работи на нивното враќање назад.

Грција и Турција поминуваат низ период на тензии последните месеци поради сложените односи на Турција со Европската Унија и неодамнешните изјави на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој се противи на грчката експлоатација на гас во кипарските територијални води.