21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија кај француската амбасада во Буркина Фасо

Во близина на воениот штаб и амбасадата на Франција во престолнината на Буркина Фасо, одекна експлозија и се слушна пукање, јави Би-Би-Си.

Според зборовите на сведоците, од еден автомобил излетале вооружани мажи и отвориле оган, а на фотографиите што се појавија по медиумите се гледа густ чад. Владата го потврди нападот и соопшти дека четворицата напаѓачи биле неутрализирани.

Францускиот амбасадор во земјата напиша на „Твитер“ дека во тек е напад, додека амбасадата во САД ги советуваше нејзините граѓани да побараат засолниште.

Како што се наведува, засега не е јасно кој стои зад нападот.