18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Изборен молк пред делумните локалните избори во Србија

Предизборниот молк во пресрет на локалните избори во Белград, Аранѓеловац, Бор и Севојно, започна на полноќ и ќе трае до 4 март во 20 часот, односно до затворањето на избирачките места, пренесуваат медимите во земјата.

На изборите во Белград граѓаните не избираат градоначалник, туку само гласаат за листите на партиите или за коалициите, а градоначалникот се избира во Собранието на градот Белград. Повеќето коалиции и партии пред изборите ги најавуваат своите кандидати за градоначалник доколку освојат доволен број одборници за негов избор.

Право на глас имаат 1.606.693 избирачи, кои може да гласаат на 1.185 избирачки места.

Резултатите од изборите треба да бидат објавени во рок од 24 часа од затворањето на избирачките места.

Спонзорирано: