7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Проекција на филмот „Три дена во септември“ и разговор со режисерот во Кинотека

На програмата на Кинотеката на Македонија утре, 2 март, во 18 часот ќе биде прикажан филмот „Три дена во септември“. На проекцијата ќе бидaт присутни режисерот Даријан Пејовски и актерката Ирена Ристиќ. Пред филмот ќе има разговор со гостите и публиката кој ќе го води Стојан Синадинов.

„Три дена во септември“ е психолошки трилер во кој двата главни женски лика преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај.

Во 20 часот во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Без љубов“ (Loveless) во режија на Андреј Звјагинцев. Во безнадежните општества, секоја интимна релација е опасна. На граница помеѓу темна комедија и трилер, „Без љубов“ ни прикажува едно семејство од руската средна класа – Жења, Борис и нивниот син Аљоша. Жења и Борис веќе го имаат започнато бракоразводниот процес.