24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прва жртва на студот во Словенија

Екстремно ниските температури ја однесоа првата жртва во Словенија, поточно во Марибор. Возрасен маж починал во својот двор, а едно лице се наоѓа во критична состојба.

Според неофицијални информации што ги пренесуваат локалните медиуми, починатиот маж живеел сам, а бил пронајден со тенка облека на него. Тој починал во својот двор од студ. Се претпоставува дека мажот заминал по дрва, се лизнал и паднал.

Изутринава едно лице во тешка состојба на хипотермија е пренесено во болницата во Марибор, каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Во Словенија денеска се регистрирани најниски утрински температури оваа зима. Во местотo Нова Вас се измерени минус 27 степени, а во местотo Језерско, кон границата со Австрија, минус 25 Целзиусови степени. Во Љубљана утринската температура денеска се спуштила до минус 10 степени.

Спонзорирано: