20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР предмалку ја објави оваа видео снимка: Детали за големата полициска акција во која се уапсени 7 лица

Во рамките на засилените активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволена трговија со дрога, вчера во два одвоени случаи откриени и запленети се вкупно околу 143 килограми марихуана.

Во акцијата приведени се и осум лица од кои шестмина македонски државјани и двајца државјани на Република Албанија, соопшти на директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес конференција во Министерството за внатрешни работи.

-Во првиот случај, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, а во содејство со СВР Охрид и СВР Тетово, пресечен е меѓународен канал за транспорт на марихуана од Албанија преку Македонија до соседна Грција.

Запленети се 55 килограми марихуана, со вредност на нарко пазарот од околу 150.000 евра, а лишени од слобода се седум лица, од кои шест лица се македонски државјани и едно лице е албански државјанин.

-Вчера во Маврови Анови, во близина на браната, на патниот правец Дебар – Гостивар, по преземените оперативни мерки и спроведената акција, од слобода се лишени четири лица Е.Д. (31), Б.Р. (41), М.Р. (32) и И.Ј. (32) од село Студеничани, скопско, кои што со две патнички моторни возила марка „Ауди“ и „БМВ“ ја преземале марихуаната од Дебар и требало да ја транспортираат до Солун, за сума од 9.000 евра.

-Веднаш потоа, преземени се дополнителни активности на подрачјето на Дебар, при што од слобода е лишен Р.Д. (49) од с.Блата, Република Албанија, кој на илегален премин ја внел дрогата во државата.

Од слобода се лишени уште две лица од Дебар, Ѓ.Ј. (27) и Ѓ.Ј. (26), кои ја преземале дрогата од државјанинот на Република Албанија и ја предале на лицата од Студеничани- рече Велковски.

Во вториот случај вчера околу 18,00 часот на Граничниот премин “Деве Баир“ од слобода е лишен М.М. (47), државјанин на Република Албанија.

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во соработка со Царинската управа, сопреле за преглед товарно моторно возило со приколка со албански национални и регистарски ознаки, управувано од приведениот.

При прегледот дрогата во вкупна количина од 88 килограми, спакувана во најлонски фолии била откриена во внатрешноста на приколката- соопшти Велковски.

По целосно документирање на случаите против сите приведени лица, а во координација со надлежните Основни јавни обвинителства, ќе бидат поднесени пријави по член 215 од КЗ на РМ.

Спонзорирано: