22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден милион евра награда за информација за убиениот новинар во Словачка

Словачкиот премиер Роберт Фицо најави награда од еден милион евра за секој што ќе понуди информација за убиството на новинарот Јан Куцијак, кој заедно со неговата девојка беа пронајдени мртви во домот. Двајцата беа најдени со по една прострелна рана.

Неколку весници во Словачка го реобјавија последниот текст на Куцијак, кој ја поврзува италијанската мафија со високо ниво на политичка корупција.

Фицо одржа прес-конференција на која тој стоеше покрај маса на која беа поставени банкноти, кои владата вети дека ќе ги размени за информација за убиството.

Колегите на Куцијак во медиумите велат дека властите не треба да бараат подалеку од неговото последно дело.

Во недовршената статија тој тврди дека бизнисмените во источна Словачка, со врски со озлогласената мафија на Ндрангета во Калабрија, ги проневеруваат структурните фондови на ЕУ. Тој исто така тврди дека тие имаат политички врски во земјата.

Спонзорирано: