16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за макрото – и се заканува казна од најмалку 10 години затвор

Триесет дена притвор и е изречен на кавадарчанката која што го подведувала и го терала да питачи 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“. Основото јавно обвинителство потврди дека е започната истрага против едно лице за трговија со дете. По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на осомничената и одредил притвор. ​

Како што соопшти обвинителството, предметот е отоврен по допрен глас, откако во медиумите се појави написи во врска со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.

„Надлежен јавен обвинител по спроведени предистражни дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, денеска донесе наредба за спроведување на истрага против едно лице. На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик, за кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години“, информира обвинителстото.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомниченото лице му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.​

Претходно полицијата информираше дека станува збор за 42-годишната М.Д. од Кавадарци против која е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. Според сознанијата на полицијата, кавадарчанката во текот на декември минатата година и јануари годинава го принудувала 13-годишното девојче, штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми ,, 25 Мај“, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.