12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од продавица на „Нептун“ во Велес украдени 22 компјутери

Тешка кражба е извршена синоќа во продавица на „Нептун“ во Велес во која непознат сторител украл 22 лап-топ компјутери, разни марки и модели.

Крадецот вчера во периодот од 20.30 до 4.30 часот извршил тешка кражба на тој начин што со употреба на подесен алат ги отстранил катанците од влезната врата на продавницата, го искршил стаклото, влегол внатре и ги одзел 22 лап-топ компјутери, по што го напуштил местото на настанот. Во истиот период било украдено и возило. Станува збор за „фиат уно“на С.П. од Велес кое било паркирано во непосредна близина на продавницата.