25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД: Во снежната бура загинаа две лица, уништени се многу домови

Во снежната бура, што се прошири кон централните делови на САД, загинаа две лица, а уништени се голем број домови и возила. Во бурата, што е проследена со силни ветрови, загинаа 83-годишен маж од Арканзас и 79-годишна жена од Кентаки.

Поради надоаѓањето на бурата во јужниот дел на Мисури прогласена е вонредна состојба. Во северозападниот дел на Индијана се евакуирани 30 семејства за време на бурата.