13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Скопје – полицијата го уапси возачот кој усмрти едно лице кај “Капитол”

На 24.02.2018 година во Скопје, во 14.40 часот на бул.”Јане Сандански ” во близина на Трговскиот центар “Капитол“ патничко моторно возило марка “Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице удрило во пешакот Н.А. (66) од Скопје и веднаш го напуштило место на несреќат.

Н.A со возило на Итна медицинска помош е префлен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде што е констатирана смрт.

Кратко по сообраќајната несреќа, од страна на припадници на едницата Алфа, пронајдено е возилот “пежо“ а идентификуван и пронајден е возачот, станува збор за А.Р (28) од Скопје.

Тој е приведен во ПС Гази Баба.

Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на СВР Скопје.

Од возачот е земен крв и урина за анализа а возилото е однесено на технички преглед.

По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.