21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата презема мерки со кои зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребно

Неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, велат од владејачката СДСМ како реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Граѓаните можат да бидат спокојни, Владата предводена од СДСМ презема низа на мерки за санирање на штетите, стабилизација и одржливост на Фондот. Владата се грижи за сегашните и идни пензионери, исплатата на пензиите ќе продолжи редовно и навремено“, се наведува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека за Владата предводена од СДСМ, одржливоста на пензискиот систем е приоритет и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции и мерки преку кои ќе се стабилизира состојбата со ПИОМ.

„На тој начин, зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребно“, велат од СДСМ.