23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Заменик-премиерот си поднесе оставка поради неговата врска со службеничка – Детали за големиот скандал во Австралија

Вицепремиерот на Австралија, Барнаби Џојс, денеска поднесе оставка, наводно, поради неоснованите обвинувања дека сексуално вознемирувал една жена.

Џојс рече дека ја напушта функцијата заменик-премиер, но нема да поднесе оставка во парламентот, објавија светските агенции. Идентитетот на жената која го обвини политичарот за вознемирување не е откриен.

На почетокот на февруари во медиумите одекна веста дека Џојс и неговата поранешена портпаролка очекуваат дете во април. Скандалот на заменик-премиерот ја загрози стабилноста на владата, а Џојс зема отсуство од работното место откако медиумите открија дека тој ја оставил сопругата и четирите деца, откако неговата љубовница забременила.

Џојс рече дека неговата Национална партија, која е во владејачката коалиција, ќе избира нов лидер во понеделник.