23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За две години можен е трет мобилен оператор

За две години можно е да се создадат услови за влез на трет мобилен оператор во Македонија, најави министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски.

Тој рече дека Владата веќе почнала со создавање на условите, но дека се потребни законски измени.

„Зборуваме за мрежен оператор, а не за виртуелен за што се потребни сет на мерки, напори и измени на некои подзаконски акти. Сите овие активности ќе бидат правени паралелно со напори да не ја нарушиме конкурентноста на пазарот, односно на другите два постоечки оператора во државата. Крајната цел е подобри услуги за граѓаните со пониски цени“, рече Манчевски.