8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Величковски го информира Иванов за борбената готовност на АРМ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска беше информиран за борбената готовност на Армијата на Република Македонија од страна на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. Како што информираат од претседателскиот кабинет, брифингот за борбената готовност е редовна обврска на началникот на Генералштабот на АРМ кон претседателот на Република Македонија.

Оттаму додааваат дека Иванов бил информиран за реализацијата на плановите и задачите во АРМ во изминатата година врз основа на извршената целосна и објективна анализа на Генералштабот, факторите и елементите кои влијаат на борбената готовност, како за и предлози и мерки за подобрување на степенот на борбената готовност на АРМ на повисоко рамниште во 2018 година.

На брифингот биле опфатени клучните функционални области кои влијаат на борбената готовност и било заклучено дека и покрај објективните потешкотии и ограничени расположиви ресурси, АРМ успешно ја извршувала својата мисија и сите поставени задачи.