15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Торес може да заврши во Кина

(МИА) – Атлетико Мадрид ја разгледува можноста да го вклучи напаѓачот Фернандо Торес како дел од зделката со која Јаник Фереира Караско ќе се приклучи на кинескиот Далиан Ифан, објавија шпанските медиуми.

Откако стана јасно дека мадридскиот клуб ќе продаде Караско во кинеската Супер лига за 30 милиони, се отвори можноста и Торес може да биде пратен во истиот тим.

Напаѓачот сепак нема желба да заигра во Кина и сака да остане во Мадрид барем до јуни, кога му истекува договорот.

На прес-конференцијата во средата тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеон изјави дека не сака да го задржи шпанскиот голгетер, но по синоќешниот натпревар со Копенхаген демантираше дека има проблеми меѓу двајцата.

Спонзорирано: