25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Полицијата апсеше полицајци – влегле во станица и сите ги фатиле на дело во Димитровград, Србија

Голема полициска акција во Србија.

Полицијата во Србија уапсила 14 полициски службеници во Стницата за гранична полиција во Димитровград, еден царински слубеник од Царинарницата на Димитровград, и уште три лица, поради сомнение дека извршиле кивично дело „примање мито“, се наведува во соопштението од полицијата, објави Блиц.рс.

Како што информира полицијата, службениците и цариникот овозможувале уапсени лица преку државната граница да пренесуваат работи чиј промет е забранет или ограничен, односно истите да избегнат плаќање царински давачки делумно или во целост.

Во соопштението се наведува дека осомничените се спроведени во Основното јавно обвинителство во Пирот.