24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Голи келнерки ги послужувале гостите: На сопственикот на кафулето му се заканува затвор

Прасонг Сукорн, сопственик на едно кафуле во тајландски Чонбури би можел да се најде во затвор поради ширење неморал затоа што во локалот се затекнате две полуголи девојки како ги послужуваат гостите.

На Сукорн му се заканува затвор од три до пет години, и покрај тоа што се извинил и што келнерките потврдиле дека се разголиле по своја воља.

Ариса Суванавонг (22) и Мингомут Конгсавас (21) појасниле дека Сукорн им е пријател, односно дека на таа идеја дошле сами како би му помогнале да привлече гости.

Во меѓувреме, Сукорн ги отстранил спорните фотографии од социјалните мрежи, но тоа не го направила и Конгсавас, која се уште се фали на Фејсбук како позира разголена во кафулето.