5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

ЗОИ 2018: Шултинг е новата олимписка шампионка на 1.000 метри во „шорт трек“

(МИА) – Холандската натпреварувачка Сузане Шултинг ја освои титулата на Олимпијадата на 1.000 метри во „шорт трек“. Таа заврши за 1:29.778 минути, оставајќи ги зад себе Канаѓанката Ким Бутен и Италијанката Ариана Фонтана, кои завршија на второто и третото место.

Дваесет годишната Шултинг излезе на чело по првата обиколка и до крајот не дозволи да биде сериозно нападната од останатите четири ривалки. На овој начин, Шултинг го освои вториот медал од Пјонгчанг по бронзата на 3.000 метри во штафета. Досега најголемо достигнување во младата кариера на Шултинг беше златен медал на 1.500 метри од Младинскиот светски шампионат во Софија во 2016 година.

Ким Бунтен додаде трет медал на колекцијата од Пјонгчанг и првото сребро, откако има две бронзи. Канаѓанката заврши за 1:29.956 минути, а Аријана Фонтана, која заврши трета со време 1:30.656 минути, ја пополни својата колекција од медали од Пјонгчанг по титулата на 500 метри и среброто во штафетата на 3.000 метри. За 27-годишната Фонтана, ова беше вкупно осмиот медал на Олимписките игри.

Финалето на 1.000 метри се претвори во вистинско разочарување за домаќините од Република Кореја, откако нивните две претставнички – Минџон Чои и Сукхи Шим, се судрија во последната обиколка и си попречија. Шим беше казнета, ​​а Чои го освои четвртото место.

Финале А во „шорт трек“ на 1.000 метри, жени:

1. Сузан Шултинг (Холандија) – 1: 29.778 минути
2. Ким Бутен (Канада) – 1: 29.956 минути
3. Ариана Фонтана (Италија) – 1: 30.656 минути
4. Минџон Чои (Република Кореја) – 1: 42.434
5. Сукхи Шим (Република Кореја) – дисквалификација.

Спонзорирано: