9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

ЗОИ 2018: Белорусија со злато во штафетата 4 х 6 во бијатлон кај жените

(МИА) – Квартетот на Белорусија ја освои штафетата кај жените на 4х6 километри на Олимписките игри во Пјонгчанг.

Во најинтересната олимписка трка во бијатлон, во која многу тимови поведуваа на табелата, а потоа генералниот пласман се менуваше радикално по секое пукање, точка стави Дарја Домрачова, која беше речиси беспрекорна на последната четврта позиција.

Така трикратната олимписка шампионка од Сочи 2014 ја доведе Белорусија до титулата и златните медали со време од 1:12: 03.4.

Второто место го освои екипата на Шведска, а трета е екипата на Франција.

Спонзорирано: