10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Бил Гејтс се обидел да ги погоди цените на производите кои ги купуваат „обичните луѓе“

Бил Гејтс се обидел да ги погоди цените на производите кои ги купуваат „обичните луѓе“…

Да погодувал цени на јахти и недвижнини, Бил Гејтс можеби сè би погодил, но во шоуто во кое морал да ги погодува цените на намирниците не се прославил.

Во средата е прикажано гостувањето на Гејтс во The Ellen Show, чија водителка одлучила да провери колку Бил знае за животот на „малиот човек“, конкретно за цените на намирниците во продавниците.

Гејтс признал дека не се сеќава кога последен пат бил во супермаркет, а цените никако не можел да ги погоди. За поскапите работи мислел дека се евтини, а за евтините дека се скапи.

Погледнете го видеото…