14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ по повод меѓународниот Ден на мајчиниот јазик испрати соопштение во кое се осврна на јазикот и упати низа обвинувања кон власта дека не прави ништо за негување на македонскиот јазик.

„Додека секаде во светот се негува мајчиниот јазик, Владата во Република Македонија за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик. СДСМ го деградира македонскиот јазик со годишниот буџет за култура“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека во буџетот не е предвиден ниту денар за унапредување на македонскиот јазик.

Опозицијата додава дека СДСМ го погазил јазикот и со законот за двојазичност.

„СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој се обиде да го сведе од официјален јазик во Република Македонија на еден од двата службени јазика во рамките на државата.
Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик е и негрижа кон државата и граѓаните. Негрижата кон јазикот е и негрижа кон традицијата и идентитетот на нацијата. Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста“, вели ВМРО-ДПМНЕ.