17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Познат функционер си поднесе оставка среде прес конференција

Државниот секретар во Министерството за демографија, семејство, млади и социјална политика на Хрватска, Марин Стрмота, среде прес-конференцијата поднесе оставка.

Прес-конференцијата се одржувала по седницата на Советот за демографска ревитализација, а кога министерката му ја препуштила говорницата на генералниот секретар за да одговора на новинарски прашања, тој поднел оставка.

На коментар од страна на една новинарка дека сè тоа што го кажале на прес-конфренцијата јавноста го слушнала и пред неколку месеци и дека не станува збор за нови мерки, тој рекол дека тоа е точно.

„Се согласувам со вас. По една година и 4 месеци како демограф во Владата сметам дека ова не е доволно сериозно и денеска поднесувам оставка затоа што државата изумира.

Јас како млад човек, како граѓанин на Хрватска, татко на две деца, сопруг на невработена сопруга и дете на невработени родители не верувам дека нешто ќе се смени со овој пристап“, рекол Стрмота.

По ова, министерката пред новинарите рекла дека не знаела за овој чекор на Стрмота.

Според неа, станува збор можеби за нетрпеливост на еден млад човек.

„Статистичките податоци не се поволни, но неповолните движења не настанале за време на оваа влада и под притисок на јавноста желбата е да се направи многу повеќе“, рекла министерката.