17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Русија не е закана за НАТО

НАТО не ја гледа Русија како закана за која било членка на Алијансата, рекол во интервју за „Форин полис“ генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Не гледаме никаква закана од Русија кон која било членка на НАТО и поради тоа многу сум внимателен што се однесува на големите шпекулации за хипотетички ситуации. Тоа што можам да го кажам е дека доколку се случи што било слично на тоа што им се случи на Крим или на Украина, би реагирала цела Алијанса затоа што НАТО е тука за да ги штити и брани своите сојузници од секакви закани“, одговорил Столтенберг прашан што би направил НАТО кога Русија би го направила на Балтикот тоа што ѝ го направи на Украина.

Тој рекол дека присуството на НАТО има за цел да спречи, а не да почне судир. Според него, НАТО тежнее кон соработка со Русија во арктичкиот регион.

„Гледаме зголемување на тензиите на Северот, но мораме да продолжиме да тежнееме кон намалување на тензиите и кон поголема соработка, која со децении ја развиваме со Русија. Дури и во текот на Студената војна можеме да видиме соработка на членки на НАТО и Советскиот сојуз. Мора да бидеме присутни на пропорционален, одбранбен начин“, рекол Столтенберг.