17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Њујоршки полицајци обвинети дека силувале тинејџерка додека таа била врзана со лисици

Двајца њујоршки полицајци се обвинети за силување тинејџерка во септември минатата година.

Еди Мартинс и Ричард Хол се обвинети дека по апсењето на 18-годишната девојка насилно ја втурнале во полициско комбе и ја натерале на орален секс, а потоа со лисици ѝ ги врзале рацете и ја силувале.

Полициските службеници ја уапсиле девојката во квартот Бат Бич во Бруклин за поседување марихуана и анти-депресиви. Девојката, која се претставува под псевдонимот Ана Чемберс, тврди дека има болнички докази за повреда на рачните зглобови.

„Мартинс толку ми ги стегна лисиците што не можев да ги движам рацете зад грб. Рацете ми беа црвени. Не можев да се движам и се чувствував целосно беспомошна, со секој негов допир сè повеќе и повеќе“, вели девојката во интервју за „Пост“. Лекарот кој ја прегледал по наводното силување, дијагностицирал гребаници на кожата на двете раце.

Мартинс и Хол во нивна одбрана изјавиле дека сексуалниот однос бил согласен и дека на ја врзале тинејџерката со лисици.

Тие не се чувствуваат виновни по обвиненијата за силување и принуда. Адвокатот на девојката, Мајкл Давид, рекол дека лекарските наоди покажуваат оти неговата клиентка била врзана со лисици, додека адвокатот на Мартинс, Марк Бедроу, изјавил дека е тажно тоа што неговиот колега Давид сака да продаде приказна за медиумите.

„Девојката тврди дека рацете ѝ биле врзани со лисици, но нема фотографии кои го потврдуваат тоа, ниту од болница, ниту од полиција. Исто така, болничкиот персонал ги забележал нејзините наводни повреди дури час и половина по нејзиното доаѓање“, рекол Бедроу. Адвокатот на вториот обвинет Хол не ги коментира овие наводи.

На Мартинс (37) и Хол (33), вработени во полицискиот оддел за наркотици во јужниот дел на Бруклин, им се заканува затворска казна од најмалку три, а најмногу 25 години затвор.