18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски се сретна со „Клуб на генерали“

Министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со претставници на здружението „Клуб на генерали“, предводени од претседателот на здружението, Мирослав Стојановски.

Претставниците на здружението во кое членуваат активни и поранешни генерали го запознаа министерот Спасовски со програмските активности на здружението, кои главно се фокусирани на прашањата за безбедноста и одбраната, потенцирајќи дека своето искуство и стручно знаење од овие области го користат при креирањето анализи и стратегиски документи за безбедносните и одбранбените прашања и потребите на државните институции за безбедност и одбрана.

Министерот Спасовски изрази подготвеност за натамошна сорботка со „Клуб на генерали“ потенцирајќи дека искуството и знаењето на членовите на ова здружение е добредојдено за реформите кои се во тек, односно за унапредување на целокупниот безбедносен систем на Република Македонија.