17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопје го надмина годишниот ЕУ лимит за аерозагадување уште во февруари

Скопје и оваа година ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, што е показател дека еколошката и здравствена голгота на скопјани продолжува и во 2018 година, алармира Заедницата на екоактивисти „Скопје смог аларм“.

Во Европската Унија, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 милиграми на еден кубен метар. Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за ПМ10 честички е 35 денови во една календарска година. На 21 февруари годинава, велат од „Скопје смог аларм“, овие лимити се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен Миладиновци, општина Илинден.

о табелата се дадени вкупниот број на надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во календарски денови), на секое мерно место во Скопје за тековната година, заклучно со 21.02.2018
Во табелата се дадени вкупниот број на надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во календарски денови), на секое мерно место во Скопје за тековната година, заклучно со 21.02.2018
„Потсетуваме дека Светска банка (2015) проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно гинат 1,350 граѓани, додека Европската агенција за животна средина (2017) проценува дека годишно има до 3,000 смртни случаи поради аерозагадувањето. Тоа значи дека секоја година ни се случува еколошки геноцид, т.е. екоцид“, велат од Здружението.

Од таму апелираат до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија.

„Воздухот во Скопје не смее да се користи како канализација на тешката индустрија и градежната индустрија. Мерки како дводневен бесплатен превоз се премали за еден од најзагадените градови во светот. Како за пример, Германија планира да воведе целосно бесплатен јавен превоз во пет најзагадени градови. Исто така, Кина ја ангажира армијата за да засади дрвја, најмногу во околината на главниот град Пекинг, и привремено затвори голем број фабрики со цел да се намали загадувањето. Париз неколкупати воведе ден без автомобили во центарот на градот“, велат од „Скопје смог аларм“.