10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дошла дома после 14 часа работа во болница и седнала да јаде, а потоа го видела Фејсбук статусот на својот сопруг и останала зачудена

Филип живее во Њујорк со сопругата Џесика. Таа е медицинска сестра. Иако никогаш не се жали и не приговара, Филип знае дека таа длабоко во себе се чувствува исцрпено.

Неодамна на Фејсбук објавил трогателна порака посветена на својата пожртвувана сопруга.

Ја гледал Џесика како забрзано вечера после 14-часовна смена. Нејзината вечера била сендвич. После вечерата се спрема за одмор, а наутро почнува нов работен ден, пишува Little Things.

„Таа не сака некој да и смета наутро и тоа го почитувам“, напишал Филип на Фејсбук. „Се тушира, го храни кучето, ме бакнува и брзо оди на работа“.

„На работа се грижи за луѓе кои минуваат низ своите најлоши денови во животот.

Мозочни удари, сообраќајни несреќи, скршеници, оштетувања и уште многу. Таа се грижи за мајки, татковци, сестри, браќа пријатели, семејства… Не е важно кој сте и што се случило. Таа ќе се погрижи за вас.

Таа работи и за време на паузата за ручек и ретко има време да одмори. Доаѓа дома после 14 часа работа и само сака да седне.

Не ја прашувам како го поминала денот, бидејќи не сака да разговара за работата кога е дома и тоа е во ред. Кога ќе посака да разговара, јас ја слушам.

Понекогаш доаѓа дома среќна, а понекогаш тажна. Но, без оглед на тоа како се чувствува, секогаш спремна оди на работа.

Затоа ја сакам со целото свое срце.

Мојата сопруга е мој херој.“