17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захариева: Бугарија нема да биде само територија на самитот ЕУ-Турција

Бугарија нема да биде само територија за спроведување на самитот ЕУ-Турција. Самиот факт дека таквиот состанок ќе се одржи тука е успех за бугарското евро-претседателство. Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, пред Бугарската национална телевизија.

„За еден месец и половина од претседателството, на граѓаните им е јасно дека нашата земја ја извршува успешно својата улога како претседавач со Унијата. Важно е односите со Турција да бидат добри“, рече Захариева.

Според нејзините зборови, за време на бугарското претседателство треба да се донесе одлука за втората транша меѓу ЕУ и Турција во врска со бегалскиот бран. Првата сума што ѝ беше исплатена на Турција изнесуваше 3 милијарди евра, а заложбата на Турција е да добие дополнителни 3 милијарди евра.

Спонзорирано: