12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вработени во кавадаречки „Комуналец“ го оштетиле буџетот за над 2 и пол милиони денари

Полицијата од Велес поднесе кривична пријава против М.П. (51) и И.А.(45) двајцата од Кавадарци и С.С.(46) од село Мрежичко, кавадаречко, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информациите од МВР во текот на 2014-та година, првопријавениот М.П., како раководител во „Водовод и канализација“ при ЈП „Комуналец” од Кавадарци, на четири фактури и испратници, доставени од фирмата „Трасер“ ДООЕЛ, потврдил дека била извршена набавка и транспорт на 5.000 филтерски дизни за питка вода и нивно вградување во филтри, иако наведените филтерски дизни ниту биле набавени, ниту вградени.

Притоа, во наведениот временски период, првопријавениот, спротивно на Законот за спречување судир на интереси, бил вработен, на дополнително работно време во фирмата „Трасер“ ДООЕЛ. Второпријавениот, како директор на ЈП „Комуналец“ Кавадарци и покрај тоа што знаел за истото, не избрал друга фирма за надзор над изведувањето на работите, туку дозволил надзорот да го врши М.П.

Третопријавениот, како сопственик и управител на „Трасер“ ДООЕЛ, доставил за наплата четири фиктивни фактури дека извршил набавка и вградување на 5.000 филтерски дизни. Со ова, пријавените му нанеле штета на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци во висина од 2.655.000 денари.

Спонзорирано: