17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вељановски: Нов скандал околу распределбата на средствата во Министерството за култура

Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини за нетранспарентност и корупција во новата програма на Министерството за култура.

„Уште еден сомнителен случај за злоупотреба на државна функција што фрла сомнеж за корупција при распределбата на средствата и проектите во Годишната програма на Министерството за култура за 2018 година. Имено, во програмата доделени се неверојатни 660.000 денари за проект на Арлинд Хисеини, кој е шеф на кабинет на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири“, рече Вељановски.

Додаде дека ова е уште еден од низата скандали кои оставаат сомнеж за корупција, конфликт на интереси, како и злоупотреба на службена должност од страна на раководните лица во Министерството за култура и комисиите кои одлучуваа за проектите во Годишната програма за 2018 година.