14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Осумнаесетгодишник од Велес обвинет за полов напад врз дете

Полицијата од Велес до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 18-годишниот велешанец Е.Х. за сторено кривично дело полов напад врз дете.

Како што информираат од МВР, по пријава од страна на Општата болница во Велес на 13 ноември минатата година за донесена малолетничка во бесвест, полицијата презела активности, при што бил идентификуван сторителот, кој го признал делото и потврдил дека имал полов однос со малолетничката, инаку штитеничка на домот за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми.