14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Човечката негрижа може да уништи еден од најпознатите туристички бисери

Септичките јами на Хаваите започнаа да создаваат големи проблеми за локалното население, туристите, нуркачите и за сурферите.

Кожни инфекции, контаминација на водата за пиење, оштетување на коралите и загадување на плажите се само некои од последиците од зголеменото количество отпад на Хаваите. Властите велат дека количината нитрити забрзано се приближува до максимално дозволената граница, а според официјалните податоци, во моментот има повеќе од 88.000 септички јами на осум хавајски острови, што е повеќе од која било друга американска држава.

Посебно вознемирувачки податок е тоа што повеќе од 90 отсто од водата за пиење на Хаваите доаѓа од подземни резервоари, а од јамите во земјата се излеваат по 200 милиони литри отпадни води секој ден. Решавањето на овој проблем, односно расчистувањето на јамите, Хаваите би можеле да ги чинат околу 1,75 милијарда долари.

Спонзорирано: