20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Високиот функционер возел со над 180 километри на час – го фати полиција, сега ќе плати казна од 900 евра

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик призна дека платил казна за брзо возење на автопат во Хрватска.

Тој, сепак, ги отфрли шпекулациите дека барал посебен третман при неговата посета на Карловац.

Додик изјави дека во Хрватска возел со повеќе од 180 километри на час и дека платил астрономска казна.

Според хрватските закони за брзо возење е предивдена казна од 3 до 7 илјади куни, односно 400 до 950 евра.

„Возевме повеќе од 180. Полицијата го застана возилото на мојата придружба, плативме казна и продолживме.

Немаше никакви претресувања.

Луѓето беа љубезни и ни рекоа дека радарот тоа веќе го забележал и дека не може да го поништат.

Наместо да губиме неколку часа за да барам да ми ја скинат казната, плативме и продолживме и повторно возевме 180“, рече Додик.

Спонзорирано: