17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Русија успеа да внесе раздор во САД

Москва успеа да ги надмине нејзините најлуди сонови, ако нејзината намера беше да внесе раздор, неред и хаос во САД, напиша американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер, осудувајќи ги комисиите, истрагите и како што навел омразата меѓу партиите поради руските афери.

„Во Москва умираат од смеење. Америко, разбуди се“, напиша Трамп.

Сите неговите твитови што ги објави денеска се однесуваат на наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Вашингтон официјално обвини 13 Руси, меѓу кои еден близок соработник на претседателот Владимир Путин, дека ја фаворизирале кандидатурата на Трамп пред неговата победа на изборите.

„Никогаш не сум рекол дека Русија не се мешала. Реков дека тоа можеби е Русија или Кина или некоја трета земја или група, а можеби е некој генијалец од 180 килограми кој од својот кревет си играл со компјутерот. Лага е дека мојот тим во текот на кампањата бил соучесник со Русија. Мојот тим никогаш не бил тоа“, напиша Трамп.