17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран: Во авионската несреќа загинале 65 лица, 66-тиот патник не стигнал на летот

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека во авионската несреќа што се случи утрово загинале 65 лица, додавајќи дека лицето за кое се сметало дека е 66. жртва не стигнало на летот.

Според последните информации, загинале 59 патници и шест членови на екипажот.

Авион на компанијата „Асеман ерлајнс“ се урна недалеку од иранскиот град Јасуј, на 780 километри јужно од Техеран.