17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Се расчистува случајот со малолетната жртва

Случајот со малолетната жртва се расчистува, а ВМРО-ДПМНЕ е поготвена да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели. Ваков е партискиот став на СДСМ, по обвинувањата на опозицијата дека Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ужива во викендот наместо да понесе одговорност и да го решава случајот со девојчето од домот „25 мај“ кое беше силувано.

„Времето кога институциите беа инертни и незаинтересирани за граѓаните, кога молчеа и не преземаа ништо заврши со заминување на ВМРО ДПМНЕ во опозиција. Јавноста веќе неколку денови е запознаена со мерките што надлежните институции ги преземаат за расчистување на овој случај, за заштита и поддршка на малолетната жртва и за идна превенција од повторна појава на вакви или слични случаи“, вели СДСМ.

Партијата додаде дека наспроти долгогодишното уништување и партизирирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ активно работи на градење на функционални институции што ќе работат ефикасно и професионално и коишто ќе ги штитат правата и интересите на граѓаните.