12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Антикорупционерите во акција – уапсен гувернерот Илмар Римшефич

Гувернерот на летонската централна банка, Илмар Римшевич, беше уапсен денеска од страна на антикорупциската агенција, соопштија од кабинетот на премиерот.

„Бирото за превенција и борба против корупцијата го уапси гувернерот на Банката на Летонија“, се наведува во соопштението.

Сѐ уште не се соопштени причините за апсењето на Римшевич.

Во петокот, агенти на Бирото извршија претрес во неговиот дом и канцеларија.