12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гаши избран за претседател на Беса во Тетово, Касами закажа конгрес во Скопје

Со 522 гласа за, 12 против и осум воздржани, делегатите на Беса на конгресот во Тетово го избраа Африм Гаши за претседател на партијата.

Тој изјави дека отсега Беса нема да биде само партија на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија. Во врска со Биљал Касами, Гаши изјави дека нивните патишта веќе се одвоени и дека без разлика на судските одуки тие ќе продолжат да ја бараат правдата.

Беса со месеци е поделена на две партиски крила. Биљал Касами закажа партиски конгрес на 24. февруари во Скопје. Неодамна во Скопје и Тетово беа оддржани и две седници на Централниот совет на Беса, на кои беа донесени дијаметрално спротивни одлуки.

Со одлука на Основен суд Скопје 2 донесена овој месец, Касами и понатаму е претседател на партијата.