25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште еден хорор на македонски автопат: Автомобил излета од патот – Полицијата јавува за петмина повредени, меѓу кои и две деца

Утрово во 00,35 часот на автопатот Скопје-Тетово се случила тешка сообраќајка.

Имено А.Е.(45) од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Џ.(71), која е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за понатамошно лекување.

Додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците М.Е. (42) и две деца на возраст од 13 и 15 години.

Извршен е увид на местото на настанот.