17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: Западот да не ја повтори грешката од Украина и со Србија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека со поставувањето на Србија пред изборот помеѓу Русија или Западот, ЕУ ја повторува истата грешка како со Украина, што доведе до поделба во украинското општество.

Лавров оценува дека Србија има апсолутно нормален пат на развој на надоврешните врски, со напредни односи со ЕУ и НАТО и договор за слободна трговија со Русија, води преговори за влез во зоната на слободна трговија на Евроазиската економска унија и одржува контакти со Организацијата за колективна безбедност.

„Се надевам дека Западот ја увиде грешката што ја направи со Украина, особено ако се има предвид дека со земјата сега не управува претседателот, туку радикална воена структура“, додаде Лавров.

Тој исто така смета дека ултиматумот што ЕУ ѝ го поставува на Србија за признавање на Косово за членство е непристојен и не прилега на структура како што е ЕУ.