7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски-Радев: Иднината на регионот е во ЕУ и НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев. На средбата се разговараше за повеќе теми важни за регионот, стратешките интереси на Република Македонија и за актуелните случувања во државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека е за развој на добрососедски односи, кои треба да се градат на реципрочна основа и заемно почитување и во таа насока добредојдени се сите иницијативи кои ги рефлектираат овие заложби.

Мицкоски зборуваше и за актуелните случувања во земјава при што истакна дека загрижувачка е загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стагнирачката економија што се одразува врз стандардот на граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е потребна интеграција во ЕУ и НАТО, и за таа цел добредојдена е и поддршката од Република Бугарија. Тој констатираше дека, за жал, нема никаков напредок во поглед на реформските приоритети врзани со интеграција на државата. Иднината на регионот е во овие организации, во цврстите пријателства и меѓусебното почитување, додаде Мицкоски.