17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Нетси ќе поделат десет илјади фигури со ликот на Дражен Петровиќ

(МИА) – Бруклин Нетс на средбата со Чикаго Булс, закажана за 27. февруари, првите 10.000 гледачи во салата ќе ги наградат со посебно изработена фигура со ликот на Дражен Петровиќ.

„Кошаркарскиот Моцарт” помина две сезони во тогашните Њу Џерси Нетс (сега Бруклин Нетс), но остави неизбришлив траг во тимот и во лигата.

Бројните американски новинари го сместуваат меѓу најдобрите шутери кои некогаш играле во НБА.

Кариерата во НБА ја почна како играч на Портланд Блејзерс во 1989 година, а две години подоцна замина во Њу Џерси Нетс, каде блесна во целосно светло.

Петровиќ реализираше неверојатни 45 проценти за три поени, а во просек имаше по 22,3 поени по натпревар.

Тој загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година, а пет месеци подоцна Нетси го повлекоа неговиот број „3″.