14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јункер откри зошто ЕУ има специјални барања за Балканот

Поради лошото искуство со Хрватска и Словенија, земјите од Западен Балкан мораат да ги решат своите гранични спорови пред да пристапат во Европската Унија. Ова го изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Јункер на Минхенската конференција за безбедност, рече дека му е тешко да го набљудува хрватско-словенечкиот спор околу границата, за кој смета дека можел да се реши пред двете држави да станат членки на Европската Унија.

„Наместо да биде така, спорот е препуштен на арбитражниот суд, но страните не можат да се договорат како да постапат со неговата одлука“, рече Јункер.

Шефот на Европската комисија повторно истакна дека споровите на Балканот мораат да се решат, пред државите да се приклучат кон ЕУ.

Оценувајќи дека во моментов шесте земји од Западен Балкан, не се подготвени за членство во Унијата, Јункер истакна дека перспективата сепак постои и понатаму.

„Поради настаните од 1990-та година, Балканот е многу чувствително подрачје. Перспективата на проширување, ќе ни овозможи да извеземе стабилност во Западен Балкан, наместо да увезуваме нестабилност во ЕУ“, рече Јункер.

ЕУ неодамна ја претстави новата стратегија за Западен Балкан.

Спонзорирано: