5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Блокотехна обезбеди пласман во полуфиналето на Купот

(МИА) – Блокотехна со лесна победа од 110:88 над АВ Охрид обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија.

Избраниците на Марјан Илиевски покажаа одлична игра, при што предноста стана двоцифрена уште во првиот период.

Кошаркарите на Охрид само во третата четвртина беа подобри на теренот, но тоа не беше доволно за пресврт.

Кај Блокотехна по 35 поени постигнаа Казарновски и Двејн, додека Јунаковиќ со 37 поени беше најефикасен во тимот на АВ Охрид.

Претходно и Работнички со победа од убедливи 103:49 над бранителот на трофејот Карпош Соколи се пласираше во полуфиналето на Купот.