24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

13 годишно девојче од Скопје било пронајдено додека имало секс со 39 годишен маж

Тринаесетгодишно ромско девојче, штитеник на домот „25 Мај“, кое тврдело дека е силувано, девет пати било пријавувано за исчезнато од страна на вработените во домот.

Девојчето на 3 јануари било пронајдено во населбата Шуто Оризари, каде имало сексуален однос со триесет и девет годишен маж, велат од МВР, од каде додаваат дека Џ.К. (68), со сила ја задржала во својот дом со намера да и биде снаа.

„Во друг документиран случај се работи за пријава од вработена во домот „25 Мај“, која по подолго отсуство на малолетничката, извршила разговор со неа, а таа кажала дека имала сексуални односи со постаро лице.

За ова е поднесена и пријава од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство“, велат од МВР.

Последната пријава била во ноември минатата година, кога девојчето било донесено во несознание, во Општата билница во Велес.

Во тој случај, по барање на МВР, ОЈО издало писмена наредба за вршење на преглед на детето во Судска медицина, а по прегледот, била поднесена кривична пријава против Е.У. за полов напад врз дете, а истрагата е проширена и на други лица.