10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти се во затвор без никаков основ

Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ во затворите. Пратеници, режисери, доктори, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Африканизацијата на судството итно треба да запре. Апсурден и неправеден е притворот за Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски, Муковски и другите. Правосудните органи мора да почнат да дејствуваат според законите и Уставот на Република Македонија, а не мотивирани од стравот и наредбите од власта на СДСМ. Македонија е единствената земја во Европа каде што интелектуалци, актери режисери и доктори се обвинети за теророризам. Во моментот Република Македонија е држава со најмногу терористи на жител во светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова дело, велат од партијата, е класичен монтиран процес кој е воден од власта чија цел е да ги замолчи сите оние што не се согласуваат со политиките на СДСМ и Зоран Заев.